Првпат во историја СДСМ има помалку од 200.000 гласови

Кандидатот за претседател предложен од СДСМ – Стево Пендаровски вчера во првиот круг од претседателските избори освои 180.306 гласови (99,85% преброени), што е првпат во историјата на партијата некој да освои помалку од 200.000 гласови на парламентарни и претседателски избори.

Досега, најслаб резултат СДСМ имаше во првиот круг од претседателските избори 2009 година, кога тогашниот кандидат на социјалдемократите Љубомир Фрчкоски освои 202.691 глас.

На парламентарни избори, СДСМ најслаб резултат имаше во 2006 година, кога освои 218.463 гласови.

Најмногу гласови СДСМ на парламентарни избори има освоено во 2002 година, кога имаше 497.342 гласови.

Најмногу гласови во прв круг од претседателски избори има освоено Киро Глигоров, кој освои 715.087 гласови во 1994 година.

Пендаровски на претходните претседателски избори освои 322.581 гласови во првиот круг, а на претседателските избори во 2014 година освои 326.069 гласови во првиот круг.

На последните избори во Македонија – локалните избори во 2021 година, СДСМ освои 239.214 гласови.

Вториот круг од претседателските избори, како и парламентарните избори ќе се одржат на 8 мај.