Србија не смее да извезува зејтин, полнење гориво само до 60 литри
Српската Влада денеска усвои измени, па привремено е забранет извозот на рафинирано сончогледово масло. Владата промени уште една одлука, земјоделците ќе можат да наточат најмногу 60 литри нафтени деривати во канистри.
„Владата на Србија на денешната седница усвои измени на Уредбата за ограничување на цената на нафтените деривати, со која се овозможува стопанските субјекти кои се занимаваат со трговија со моторни и други горива на станиците за снабдување на превозните средства, да испорачуваат не само со точење во резервоарите за гориво на превозните средства, туку можат да точат нафта и во посуди за транспорт на нафтени деривати во максимална количина до 60 литри“ – се наведува соопштението на Владата.
На овој начин се овозможува, како што се наведува – „непречено да продолжат да ја вршат својата работа првенствено земјоделците кои користат земјоделска механизација како средство за работа“.
Владата на Србија донесе и изменета Одлука за привремена забрана за извоз на основни земјоделско-прехранбени производи значајни за населението.