Сиднеј: Човек застрелан во трговски центар откако повеќе луѓе беа избодени со нож

Еден човек е застрелан по извештаите за повеќекратни прободувања во трговскиот центар Вестфилд Бонди Џанкшн во источниот дел на Сиднеј, соопшти денеска австралиската полиција.

Полицијата на Нов Јужен Велс потврди дека маж е застрелан и реагира на извештаите за избоден број луѓе на Вестфилд Бонди Џанкшн.

На видеата објавени на социјалните мрежи се гледаат неколку луѓе како го напуштаат трговскиот центар и неколку возила на брза помош и полициски возила пред вратите на зградата, јавува австралиската телевизија „9 њуз“.

Австралиските медиуми јавуваат дека стотици луѓе биле евакуирани од трговски центар во Сиднеј по извештаите за маж, наводно вооружен со нож, и za пукање.

Истрагата продолжува и засега нема повеќе детали, јавуваат локалните медиуми.