Таравари го прашува Османи: Зошто предложивте решение од ОБСЕ спротивно на интересот на Косово?

Кандидатот за претседател од коалицијата ВЛЕН, Арбен Таравари на прес-конференцијата рече дека доживеал шок кога ја видел реакцијата на официјална Приштина во однос на планот од 9 точки на ОБСЕ, за деескалација и нормализација на северот на Косово, составена од Бујар Османи како прв човек на оваа организација.

„Авторството на овој план, кој о тоа реме беше целосен антипод на ситуацијата и иннтересеите на Косово односно Албанците, го потврди г. Османи во намерно лизгање во едба ТВ емисија завчера на вечер во Косово. Овој негов обид за да покаже дека како министер за надворешни работи придонел и за стабилноста во регионот, е една горчлива вистина за граѓаните на нашата земја и за Албанците насекаде. Сега сме во ситуација кога за среќа велиме дека тој план не беше прифатен и не беше спроведен од страна на Владата на Косово, дека колку што јас видов, тој план само за деескалација не беше. Знаеме затоа што со голема братска загриженост ги следевме случувањата во Република Косово и ситуацијата на северот на земјата таму. Притисоците со кои се соочуваше Република Косово беа големи, а од друга страна, заканите и хибридната војна од српската држава на северот на земјата, секогаш биле постојани“, рече Таравари.

Таравари објасни дека во планот на Бујар Османи за деескалација, околу 4 месеци пред терористичкиот напад во Бањска, каде беше убиен херојот полицаец Африм Буњаку, од Косово било побарано да ја повлече специјалната полиција која во тој момент се грижела за безбедноста на граѓаните. и му се закануваа српските криминални банди, полицијата во тој дел на Косово кој беше со висок ризик да има редовна полиција, со помош на КФОР и ЕУЛЕКС како и оставка на четворица албански градоначалници, исто како и официјалното барање на Белград.

„Како да не беа доволни овие големи дипломатски грешки, Османи синоќа изјавил дека неговиот план донел мир. Како може еден план кој што беше целосно отфрлен од Владата на Косово да донесе мир? Оставете ги нападите и суетното фалење, г. Османи, но објаснете и на јавноста зошто побаравте специјалните полицајци да си заминат од северот на Косово, а да останат само обичните полицајци? Знаете ли дека обичните полицајци немаат капацитет да се справат со терористичките сили, како што се потврди со загинувањето на Африм Буњак? Дали вашиот концепт за мир е отворање пат за терористите и заљгрозувањето на суверенитетот на Косово??“, рече Таравари.

На крајот Таравари рече дека неговата координација е секогаш со албанските држави и особено со официјална Приштина, а не да се ракува со Лавров, Вучиќ и Дачиќ.

„На владејачкиот начин на размислување на господинот Османи и на ДУИ воопшто, треба да му кажеме Доста затоа што ова е врвот. Оваа неспособност може да ги чини Албанците премногу во национална смисла. Мислам дека граѓаните се тие кои не забораваат и тие се последниот и највистинскиот одговор дека деформацијата на нивната волја, на нивната ориентација не може да се случи. Овој одговор првично тие ќе го дадат на 24 април, а потоа на 8 мај“, рече Таравари.