30-годишната В.Ј. која беше ранета во пукање на патарина во Прешево од страна на македонски државјанин во „Ауди“ со македонски регистарски таблички, починала во Универзитетскиот клинички центар во Ниш, пишува Блиц.
Македонски државјанин и жената биле во возилото, а во еден момент сопатничката излегла од автомобилот и почнала да бега, при што мажот излегол и испукал неколку куршуми, по што се самоубил.
„Пациентката В.Ј. (30) која на 8. март поради повреди добиени од огнено оружје, од Врање беше донесна во УКЦ во Ниш, и после хируршките зафати беше хоспитализирана на Клиниката за анестезија, и после сите напори на лекарите да нишкиот универзитетски клинички центар, вчера им подлегна на повредите“, јавуваат од УКЦ Ниш, пренесува „Блиц“.