Фуркан Салиу се извини за неговото однесување кон полицијата, вели дека има дозвола за пиштолот

Новинарот Фуркан Салиу вечерва објави пост на социјалните мрежи во врска со инцидентот во кој тој беше уапсен попладнево.

Вели дека не нападнал никого и дека фактите ќе говорат подоцна. За пиштолот најден во неговото возило, вели дека го има со дозвола.

Ова се вели во статусот на Салиу:

„Здраво, јас сум Фуркан Салиу.

Од објективни причини не можам да пишувам во мојот личен профил. Во моментов сум задржан во полициската станица во Автокоманда.

Жал ми е што со моето однесување можеби влијаев ситуацијата да ескалира за да завршам со лисици. Жал ми е и ако ве разочарав вас што верувавте во мојата работа. Ве уверувам дека јас не ја нападнав полицијата.

Иако се беше снимено, полицијата ги избриша материјалите во полициската станица.

Што се однесува до пиштолот што беше пронајден во мојот автомобил… Пиштолот е со дозвола и пронајден во мојот автомобил. За време на моето апсење, телефонот и клучевите ми испаднаа од џебот и ги зеде снимателот.

Без судски налог и без јас да бидам присутен како сопственик на автомобилот, беше претресен автомобилот од страна на специјалната единица.

Делото за кое се товарам, напад врз полицаец, не држи вода и никогаш не може да се докаже. Ви благодарам за поддршката и се надевам дека ќе се видиме наскоро“.