„Јас предлагам дуел, кој опозицијата го избегна. Македонските граѓаните треба да знаат дека побегнаа од мастер дебата. Јас ја предложив, пред 20 дена реков дајте сите да седнеме, сите да се присутни. Нивниот кандидат се мислеше, еднаш прифати, па откажа. Потоа откажаа некои телевизии од за мене непознати причини“ рече претседателот Стево Пендаровски на граѓанската трибина во Охрид.
Тој додаде дека предлага дебата било каде, па макар и во Белата Палата, која чини 30 милиони евра, пред камери и медиуми на опозицијата, да се разгвоара за било кое прашање.
„Тврдам дека имам визија и план за Македонија и тоа го докажувам пет години наназад. Сите може да судите за што сум бил и против што сум бил, што сум рекол за било кое прашање или тема“ рече Пендаровски.