Eпидемии на птичји грип регистрирани во Европа и во Азија

Неколку сериозни епидемии на птичји грип се појавија во Европа и во Азија минатите денови, соопшти Светската организација за здравје на животните (ОИЕ). Се зголемува и загриженост во живинарската индустрија бидејќи десетици милиони живина беа уништени за време на претходните епидемии.

Годинава Кина пријавени се 21 инфекција со подтипот на птичји грип Х5Н6 кај луѓето, што е повеќе отколку во 2020 година. И во Јужна Кореја пријавени се појави на болеста на фарма со околу 770.000 живина.

Вирусот е регистриран и во Европа, во Норвешка кај јато од 7.000 птици.

Птичјиот грип H5 се појавил и на мала живинарска фарма во Англија, потврдија од британското министерство за земјоделство, а пред една недела и Полска пријавила појава на птичји грип Х5Н1 на неколку фарми.

Птичјиот грип, за среќа, не може да се пренесе на луѓето со консумирање производи од живина.