Колумна на Софче Ристова: Судската власт и примената на законите во правосудниот систем
II –дел и продолжение на темата: Реформизацијата на македонското судство- независно, а сепак зависно судство Пишува: Софче Ристова, по професија Правник
Закондавно– Судската власт се главните двигатели во демократското правно општество за кои се залагаме и претeндираме да живееме, функционираме и опстанеме. Тие претставуваат синџир на корелација и релација во државното уредување.
Според теолошкото толкување судската власт и функционирањето на судскиот систем, ја имаат главната улога да ги применуваат позитивните законски норми кои се донесени од страна на законодавната власт.
Законските одредби треба да ги применуваат разумно и совесно такви какви што се донесени и имплемнтирани од страна на законодавната власт,без можност за отстапки за нивно менување или суспендирање.
Бидејќи судот е главниот одбрабен систем кои е врзен со законот и е должен да работи согласно законот и легитимноста на законските прописи, кои се пропишани со правило на поведение за правично и разумно судење.
При прекршување на правилата и споровите меѓу луѓето кои постоеле и ќе постојат , а судот или т.н. судска власт како државен орган го има правото и обврската да одлучува и да донесува правилни пресуди по повдувањето на судските постапки.
Функционирањето на судскиот систем пред се треба да се води и развива, исто така во согласност со државно правната традиција и нејзините општествени културни и религиски состојби.
А како основна улога во континуитет судскиот систем и неговата функционалност, транспрерност и ефикасност е да ја задржи својата позиција во внатрешната структура независно , без разлика на влијанието и функционирањето на политичкиот систем и државното управување.
Судскиот систем во една демократска држава треба да има каректристика и тенденција за јакнење во примена на правото и заштитата на човековите права и слобода кои се утврдени со Декларцијата за правата на човекот и граѓанинот од 1789 година.
Функционирањето на судската власт и примената на законите од страна на судовите за изрекување на правото (just diare) имаат посебен придонес вo модерната правна држава. И се главни и крупни прашања во функционирањето и транспретноста на судската пракса и владеењето на ефективната правда.
А судовите се главната стратегија кои треба да ги почитуваат и применуваат законите кои се дел од правосудниот систем. Нашиот македонски правосуден систем содржи повеќе од 1600 закони и се дел од правно судската пракса. Во врска со постоечките закони кои се дел од правниот систем и кои се применуваат.
Наведувам неколку ПРЕДЛОГ – ПОГЛАВЈА за измени и дополнувања на законски одредби и амдмани за истите закони.
Со кои може да се придонесе да имаме поголема правна и заштитна сигурност,безбедност како и транспртна и ефективна правда за регулирањето на правните норми и правниот поредок.
1.Како прв Предлог–Поглавје- Законот за работни односи
-Комисијата за спречување и заштита на дискриминација -Во врска со предлог иницијативата за ратификација за спречување на насилство и вознемирување при работа кои го предлга е одличен и ефективно правичен предлог –Инцијатива за пофалба
Во врска со Законот за работни односи како пример бр.1 За измени и дополнувања под итна постапка, на законска одредба за истиот закон, акцент придавам на членот 9-а Мобинг на работно место и доплнување на истиот член со точка (5 ) За намерно и совесно вознемирување како и злоупотребување на работно место во текот на работното време (злокобност, провокации, сарказам) од страна на вработени/ните и работодавците – Воведување на ригорозна казна затвор (чл.35 од КЗ ) и парична казна со поведување на судска постапка.
2. Втор Предлог–Поглавје- Законот за наследување – Овој закон долг временски период не претрпил законски измени и дополнувања. Па поради тоа и поради пропустите во практичната примена на истиот закон потребно е измени и дополнувања од (членот 12 до членот 32) на истиот закон .
А што се однесува до чл.133 Спроведувањето на оставинската постапка и чл.42(Договорите за дар, за уредување на имотни односи, за распределба на имот и.т.н.) од Законот за нотаријат , кои се во надлежност на Нотарската професија, а станува збор за правни постапки кои се значајни и одговорни за регулирање на семејно општествените односи. Како и оставниските постапки што се спроведуваат по надлежност кај нотар кои е поверник на судот .
Фактичката состојба утврдува дека имаа голем број на нерешени оставински постапки кои се спорни а граѓаните не можат да ги спроведат целосно овој вид на постапки, поради пропустите ,незнаењето и неукост на законот за нотаријат.
Во овој дел од законот може да претрпи законски измени и овој вид на правни постапки кои сега се во надлежност на Нотаријатот треба да преминат во надлежност на судството,(сектор наследно –правни постапки) и кои исто така ќе бидат спроведени брзо ,ефикасно и транспретно.
Поточно овие правни постапки треба да ги спроведуваат судите од граѓанска област, бидејќи судската професија е таа која има интегритет и кредбилитет да ги спроведува и застапува овие постапки кои се значјани за граѓаните и правосудниот систем.
3. Трет Предлог–Поглавје – Законот за заштита на личните податоци дополнувања под итна постапка на законска одредба за злоупотрбување на лични податоци, личен компјутер,лични документи , електронски слики (слики од социјални мрежи-facebook ,instаgram,viber, what apps и др.) фотографи (слики од дигитален апарат)со поведување на судска постапка парична и најригорозна затворска казна, согласно Уставот на РМ чл.25 на секој граѓнин му се гарантира правото на почитувањето и заштитата на приватноста на неговиот личен и сеемен живот на достоинсвото и угледот.
4. Четврат Предлог -Поглавје- Законот за судски такси измени и дополнувања во Тарифен број.(пример ,11,13,14 и др.) намалување на износот на админстративно судските такси како на пример : Доколку сака грѓанинот/ните да поведат тужба за управен спор, за овој вид на тужба судската такса изнесува 480,00 денари , а за судска одлука 800 ,00 денари. Овој вид на такси можат да бидат во помал износ или да го добиат правото на ослободување за плаќање на административни судски такси, како и за сите други видови на судски постапки за кои е потребно да се направат дополнителни измени за административно судските трошоци.
5. Петти Предлог – Поглавје –Законот за Семејство –четврт дел чл.95 за потполно посвојување измени и дополнувања согласно Законот за семејство. На посвоеникот да му се овозможи правото на добра волја (bona-fides) за признавање на биолошките родители.
6. Шест Предлог-Поглавје-Закон за кривична постапка чл.58 по приватна тужба- Поднесување предлог за приватна тужба-(пример од непознат сторител,измама, злоупотбување , навреда)-да се даде поголем акцент во судската пракса и овој вид на постапки да бидат имплмнтирани по транспретно и поефективно.
Сите овие т.н. Предлог –Поглавја имаат граѓанско правна заштита согласно Законот за авторското право и др.сродни права. И се еден вид на Предлог-Поглавја кои може да добиат поинаков облик и концепт во законодавната –судска пракса.
Преку закондавната-собраниска процедурална постапка која е носителот на закондавнта власт. За овие видови на предлог-поглавје во горенаведените закони да добиат поинакво прецизирање, во законите и да имаат практична функционална и ефективна правна пракса. А се само дел од многубројните закони кои ги имаме во нашите правен систем. И за кои се потребни измени, дополнувања или ревизија на истите.
Затоа што само на овој начин можеме да овозможиме да имаме целосен принцип на владеење на правото , правичноста и правдата кои ги содржат највисоките стандарди на правната сигурност за заштита и безбедност на граѓаните и државата.
НАПОМЕНА: Колумната е напишена согласно чл.16 од Уставот на РМ и чл. 10 од Европската Конвенција за заштита на човековите права,со кои се овозможуваа правото на слобода на изразување, како и правото на јавно изразување. И согласно Законот за авторското право и др. сродни права,колумната содржиграѓанско –правна заштита.