Макрон разговарал со Зеленски и Бајден

Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа имал разговот со Џо Бајден и Володимир Зеленски.

Шефот на француската држава му изразил сочувство на американскиот претседател, по смртта на новинарот од магазинот „Тајм“ во Украина.

„Двајцата шефови на држави се согласија да ги зајакнат веќе преземените санкции против Русија, да ѝ дадат поддршка на Украина и заеднички да ги преземат сите иницијативи корисни за запирање на борбите“ – стои во соопштението на Елисејската палата.

Макрон, во разговорот со Зеленски „ја изрази целосната поддршка за неговата земја и детално ја објасни дополнителната помош што Европската унија одлучи да му ја даде на самитот во Версај. Двајцата шефови на држави разговараа за продолжување на преговорите меѓу Русија и Украина. Тие ќе продолжат да се координираат во наредните денови“, се вели од Елисејската палата.