Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека Србија плаќа висока цена поради целокупната геополитичка ситуација, поради што рече дека се во исклучително тешка ситуација и дека во неа се наоѓаат не по наша вина.
Тој на прес-конференцијата рече дека сака да посочи дека најважна тема е прашањето за Косово и она што се случува во покраината, како и членството на Косово во Советот на Европа.
„Ќе зборувам за ова и за нашиот народ во Босна и Херцеговина. Станува збор за севкупниот притисок врз Србија и српскиот народ, пред се поради нашата воена неутралност, нашиот однос кон конфликтот во Украина и ставот на Србија дека го осудува нападот на суверена земја, но не се приклучува кон санкциите против Русија. Третата причина, а е поврзана со двете претходни, е тоа што западните земји чувствуваат голем притисок поради напредувањето на руските сили и неизвесноста како војната ќе заврши и под притисок од можните идни политики од Москва кои ќе се засноваат на она што често се нарекува косовски преседан“, рече Вучиќ.
„Затоа е потребно сето ова да се тргне од рацете на рускиот претседател Владимир Путин и тука често Србија и српскиот народ се наоѓаат на мета не само на Приштина, туку и на оние кои ги поддржувале“, посочи Вучиќ.