Амбасадорот на ЕУ во Приштина: Забраната за динарот сериозно ги погоди Србите на Косово, итно решете го проблемот

Амбасадорот на Европската унија во Приштина, Томаш Суниог денеска изјави дека одлуката на централната банка во Приштина да ја забрани употребата на динарот има сериозно влијание врз Србите на Косово и додаде дека ваквото прашање треба итно да се реши преку дијалог за нормализација на односите.

„Оваа одлука, заедно со другите долгогодишни прашања, сериозно го погоди населението на косовските Срби и другите заедници низ Косово и го попречи обезбедувањето основни услуги. Таквите прашања треба итно да се решат во рамките на дијалогот во интерес на двата народа “, напиша Суниог на социјалната мрежа Х.

Тој изјави дека денеска се сретнал со претставниците на Клиничкиот болнички центар и училиштето „Свети Сава“ во Северна Митровица, со кои разговарал за оперативните предизвици со кои се соочуваат по регулативата на централната банка во Приштина за готовинските трансакции.