Путин: Украина ќе биде казнета за нарушување на изборите и напад врз цивили

Претседателот Владимир Путин денеска изјави дека Украина ќе биде казнета за обидот да ги попречи претседателските избори во Русија со гранатирање цивилни цели на руска територија и испраќање 2.500 вооружени војници да се обидат да ги нарушат руските граници.

Обраќајќи им се на воените команданти и шефовите на разузнавачките агенции и највлијателните цивилни лидери, Путин рече дека таквите злосторства нема да останат неказнети.

„Со цел да го наруши процесот на гласање и да ги заплаши луѓето, барем во пограничните области, режимот во Киев се обидува да спроведе казнени акции, насочени кон цивилните населби во Русија. Непријателските напади нема да останат неказнети“, рече Путин, додавајќи дека руската противвоздушна одбрана соборила 95 отсто од ракетите и гранатите.

Додаде дека загинале и тројца цивили.

Според него, четири напади биле извршени врз областа Белгород и еден напад врз областа Курск. Тој, исто така, рече дека зад тие напади стојат украински посредници, околу 2.500 војници поддржани од 35 тенкови и 40 оклопни возила.

Околу 60 отсто од тие војници, продолжи Путин, беа убиени, а половина од нивните оклопни возила беа уништени.

„Сигурен сум дека нашиот народ, нашиот руски народ, ќе реагира на ова со уште поголема солидарност. Кого решија да го заплашат? Рускиот народ?“, праша Путин.