Медиумскиот тајкун Руперт Мардок се сврши со поранешната сопруга на руски милијардер
Австралиско-американскиот медиумски тајкун Руперт Мардок (92) се вери со својата партнерка, Елена Жукова (67), руски молекуларен биолог, потврди тимот на Мардок.
Свадбата, која се очекува да се одржи на неговото лозје на имотот Морага во Калифорнија во јуни оваа година, ќе биде петтиот брак, но шеста свршувачка за Руперт Мардок, пишува Би-Би-Си.
Една од контроверзите во неговата долга медиумска кариера беше хакирањето на телефонот на убиената британска девојка Мили Даулер од страна на „Њуз оф д ворлд“ за да ја слуша нејзината говорна пошта.