Штрајк на вработените во национални шуми

Околу 2000 вработени во национлни шуми одат на штрајкување. Тие штрајкуваат бидејќи раководството се уште не им ги исплатило последните две плати.

Тие потенцираат дека имало за нови 450 вработувања но немало за нивните плати.

Тие велат дека не им се исплаќал ниту теренскиот надоместок, а поддршка на штрајкот добија и од ССМ.

Слободан Трендафилов соопшти дека последната плата што ја добиле вработените била помала за околу 7000 денари и го повика раководството на претпријатието на разумност.

Срамни за вработените, според ССМ, е тоа што просечната плата во ЈП Национални шуми се движи од 22 до 25.000 денари, во време кога трошоците за живот се навистина големи.

Трендафилов вели дека доколку раководството денеска не им исплати плата, штрајкот ќе продолжи и во наредните денови, сè до исполнување на нивните барања.