Идејата на Зеленски се разгледува во Скопје
Претседателот вели дека идејата на украинскиот претседател Зеленски ранети и повредени украински војници да дојдат на рехабилитација во Северна Македонија е прифатлива. Македонските власти разгледуваат и можност за рехабилитација на украински деца од воените зони.
На Балканот ваква помош Украина добива во Хрватска.
Балканските држави, вклучително и Северна Македонија, да помогнат во рехабилитацијата на деца од Украина и на ранети украински војници, е иницијатива што претседателот на Украина, Володомир Зеленски ја дискутираше со претседателите на Северна Македонија и на Црна Гора, Стево Пендаровски и Јаков Милатовиќ, Украина-Југоисточна Европа што се одржа во Тирана на 28 февруари, пренесува РСЕ.
Предлогот на украинскиот претседател беше прифатен во Хрватска во 2023 година, со одлука на владата прими ранети Украинци и ги згрижи во своите здравствени установи.