Трамп очекува поддршка од гласачите на Хејли
Републиканскиот кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп денеска ги повика сите приврзаници на Ники Хејли, која претходно ја прекина кампањата, да го поддржат на ноемвриските избори.
Тој кажа: “Би сакал да ги поканам сите поддржувачи на Хејли да се приклучат на најголемото движење во историјата на нашата нација. Бајден е непријател. Тој ја уништува нашата држава, објави Трамп на својата социјална мрежа „Трутсошал“ (TruthSocial). “
Инаку, поранешната гувернерка на Јужна Каролина, Ники Хејли ја прекина кампањата за претседателска номинација на Републиканската партија, оставајќи го Трамп како единствен кандидат на Републиканската партија. Додека кај демократите, покрај актуелниот претседател Џо Бајден, во трка сè уште Маријен Вилијамсон и Дин Филипс.