Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека Русија не ги признава налозите на Меѓународниот кривичен суд (МКС) за апсење на двајца руски офицери обвинети за воени злосторства во Украина.
– Ние не сме страна (потписничка) на Римскиот статут. Не ги признаваме налозите за апсење на овој суд – наведе Песков.
МКС издаде налози за апсење на генерал-полковник Сергеј Кобилач и на генерал-полковник и морнарички адмирал, кој беше командант на руската Црноморска флота, Виктор Соколов.
Се сомнева дека тие се одговорни за напади врз цивили, односно предизвикување прекумерна штета на цивили или цивилни објекти.
– Се претпоставува дека тие се одговорни и за нехумани дела кои се квалификуваат како злосторства против човештвото – истакнуваат од МКС.
МКС минатата пролет налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин, поради неговата наводна улога во депортацијата на децата.