Бојмацалиев: Недозволиво е граѓаните да платат и готовите пасоши да не им се издадат

Во изјава за ТВ24, дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев беше прашан за тоа зошто не се издаваат веќе готовите пасоши на граѓаните.

Бојмацалиев рече дека во текот на вчерашниот ден поднел барање до Внатрешна контрола при МВР да го истражат случајот, при што утрово Одделот за внатрешна контрола е влезен во управните служби и постапува.

„Истрагата предвидува да се провери дали целата процедура е запазена, ако не е, во кој сегмент не е запазена и да се утврдат, условно кажано, виновниците, каде затаила целата постапка”, истакна Бојмацалиев, додавајќи дека обрасци има и се печатат по 3.000 пасоши дневно.