Макрон: Време е сојузниците на Украина да не бидат кукавици

Време е сојузниците на Украина да се засилат и да не бидат кукавици. Ова денеска го изјавил францускиот претседател Емануел Макрон додека ја коментирал руската инвазија во Украина пред француските иселеници при неговата посетата на Прага откако пред десетина дена се соочи со реакции од западните земји презентирајќи ја идејата дека размислува за испраќање француски војници на боиштата во Украина.

„Некои сили кои станаа незапирливи и секој ден ја продолжуваат својата закана за напад. Ќе мора да застанеме храбро“ – рече тој.

Во врска со руската инвазија на Украина, Макрон рече дека Франција и Чешка се свесни дека војната во Украина се случува на територија на Европа и дека токму поради тоа треба сите заедно да истапат храбро.

Поголемиот дел од европските сојузници на Макрон рекоа дека нема да испратат војници во Украина по неговите коментари дадени на 26 февруари, додека француските власти исто така инсистираа дека таквите воени сили би можеле да бидат испратени за поддршка на операции како деминирање, наместо да бидат вклучени во борба против руските сили.

Чешкиот претседател Петр Павел на безбедносната конференција во Минхен минатиот месец рече дека Чешката Република, која е членка на ЕУ и НАТО со 10,8 милиони луѓе, би можела да собере значителна количина на оружје за Украина, а додаде дека околу 15 други земји се подготвени да се приклучат на оваа иницијатива.

Макрон рече дека неговата земја ќе учествува во оваа иницијатива, но не откри никакви детали за тоа колку ќе придонесе.