Почина таткото кој со автоматска пушка пукал во својот син, па си пукал во глава

Милутин Т.(64) од Владимирац (Србија) кој вчера го убил синот Т.И. (36), починал во Клиничкиот центар во Белград.

„Тој си пукал во главата и со тешки повреди, онесвестен, прво бил примен на итната медицинска помош во болницата Шабац, од каде итно бил пренесен во Белград. Тој починал веднаш по приемот во клиниката за реанимација“, изјавил извор на истрагата.

Вчера по расправија, наводно поради тоа што синот многу пиел алкохол, со синот на нива во близина на куќата, Милутин Т. од автоматска пушка испукал неколку истрели кон синот, а потоа си пукал во главата.