Маск: Традиционалните медиуми лажат – „Ројтерс“ моментно е најлош

Американскиот милијардер Илон Маск смета дека традиционалните мејнстрим медиуми ги лажат своите читатели. Меѓу нив, вели тој, „најлош е Ројтерс“.

„Традиционалните медиуми лажат лесно, како што дишат. Ројтерс моментно е најлош“, напиша Маск на платформата Икс.

Маск претходно изјави дека американските граѓани немаат ниту најмала претстава за тоа колку е моќна владината цензура во Соединетите Американски Држави.

Додаде дека тој и неговите компании се соочуваат со непрекинати напади по укинување на цензурата на неговата социјалната платформа Икс.