Панов за Колишевски: Расположливоста на архивите во Белград е пречка, за сѐ треба да се разговара

Пред неколку недели, по повод 110 годишнината од раѓањето на Лазар Колишевски, СПМ организираше промоција на книгата „Колишевски и Македонија“. На промоцијата најголемо внимание привлече присуството во првиот ред Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, партија која цела своја историја се обидува да го демонизира делото на човекот прогласен за народен херој, за време на чие владеење се создадени клучните државни институции. На ова се надоврзува и изјавата на Марјан Ѓорчев кој дава пофални зборови за Лазар Колишевски.

Митко Панов кој е редовен професор во Институт за национална историја за Лазар Колишевски смета дека прва пречка би била расположливоста на архивите во Белград.

Јас сметам дека се треба да се разговара. Повторно доаѓаме до расположливоста на архивите во Белград, дали сите се достапни. Фактот што ние како историчари треба да ги засегнуваме сите прашања тоа е наша задача како историчари. Како некој што се стреми да биде дел од европско семејство каде нема табу теми.

Панов дава обемен одговор, а вели дека државата стремејќи се да биде дел од европското семејство може да изгради иднина.

Држвата треба повеќе внимание да посвети кон своите државни институции, а така ќе се изгради подобра држава и внатре и надвор.

Панов вели дека според него „Не се избегнува ликот и делото на Колишевски“ и најави дека ќе се истражува анти-фашистичката дејност.

Има одредени прашања на кои треба да се дебатира и да се најде решение, тоа е начинот на градење добрососедски односи. Треба да се остави Република Македонија да биде рамноправна членка на Европската унија, заклучува тој.

Исечокот може да го погледнете во продолжение: