„Демократската унија за интеграција најостро ја осудува денешната најава на ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Силјановска за камшикување на гласачите и избирачите во нашата земја.
Уште пред да бидат дел од листата на кандидати за Претседател, ВМРО- ДПМНЕ и Гордана Силјановска во излив на жална искреност најавија `вмровски камшици` за сите кои што не размислуваат како нив.
Албанец премиер е реалност, а реалност ќе биде и изборот на Претседателот на државата во Собрание со 2/3 мнозинство на гласови и со Бадинтерово мнозинство.
2/3 мнозинство обезбедува општествен, надпартиски консензус со над 80 гласови во Собранието.
Додека Бадинтеровото мнозинство обезбедува и етнички консензус за да се спречи етничко надгласување и наметнување на волјата само на двете поголеми македонски политички партии.
ВМРО-ДПМНЕ и губитничката, Гордана Силјановска и денес не се оградија од Русија и не се построија кон Европа.
Затоа, граѓаните треба да го концентрираат својот глас за најстабилната партија при што ќе се постигне целта и ќе се спречи Русија и руското влијание кое ја зафати нашата економија, критичната инфраструктура, политичките партии, медиумите, верските заедници, граѓанското општество и има за цел да го дестабилизира нашето кревко мултиетничко, мултирелигиозно и мултикултурно општество за промовирање на домино ефект низ целиот регион“ соопштија денеска од владејачката ДУИ.