(Видео) Ѓоковиќ предизвика делириум во трговски центар во САД

Неодамна, додека тренираше на Универзитетот UCLA, Новак Ѓоковиќ сподели видео во кое го „рекламира“ производот SILA на компанијата „Waterdrop“ чиј амбасадор е!

Станува збор за коцки за хидратација со електорилит кои се „спонзорирани“ од самото име на најголемиот светски тенисер во историјата, па не е чудно што Ноле ја посети продавницата на споменатата компанија во Лос Анџелес.

По тој повод го предизвика општ ентузијазам кај присутните, кои набрзина побрзаа да се фотографираат со Србинот кој во раце ја држеше кутијата „SILA“.

Она што е исто така интересно е дека Ѓоковиќ најпрвин се упатил кон толпата каде што биле децата, а пред да влезе во трговскиот центар им ја подал раката.

Секако, многу брзо потпишуваше автограми и се дружеше со обожавателите, а како изгледаше сето тоа можете да погледнете во видеата подолу:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mirjana Sladic (@mirjana_sladic)