Вучиќ: Западот бара да го признаеме Косово и да воведеме санкции кон Русија

Западот бара три работи од нас, да го признаеме Косово, да воведеме санкции против Русија и Србија да се откаже од Република Српска, изјави на денешната прес-конференција, претседателот на Србија, Александар Вучиќ

„Откажувањето од Република Српска е една клучна причина. Иако многумина се смееја, факт е дека работите во Украина не одат така лесно како што мислеа многумина на Запад, и против Русија. Русите се тие кои ја имаат иницијативата. Без разлика дали ни се допаѓа или не, постои опасност, и тоа веќе се случило во минатото, а веројатно на местото на (рускиот претседател Владимир) Путин, секогаш би можел да се повикам на преседанот што го направија и тие. Бидејќи тоа го знаат на Запад, важно е Косово да биде покриено и да се зголеми притисокот врз Србија, но врз Курти не. Ќе има притисок, но само за да се избегне ситуација Србија да реагира, а ние тоа не го сакаме“, изјави Вучиќ.

Како што објасни, „важно е да се откажеме од Република Српска и дека Србија активно работи против РС и само кога ќе се откажеме од неа, ќе бидеме добри“.

Како второ нешто што се бара од Србија, тој го спомена воведувањето санкции против Русија и антикинескиот однос, а како трето воведување „марионетски режим“ каков што имаше до 2012 година.