Шолц и Макрон со порака до Путин: Итен прекин на огнот!

Германскиот канцелар – Олаф Шолц и францускиот претседател – Емануел Макрон побарале итен прекин на огнот во Украина, за време на телефонскиот разговор со рускиот претседател Владимир Путин, изјави претставник на германската Влада.

Според информациите, Шолц и Макрон му укажале на Путин дека секое решение за војната во Украина треба да се постигне преку преговори, меѓу Киев и Москва.

Тројцата лидери се согласни да останат во контакт и во следните денови.