И милијардер од Британија сака да го купи Челси
Mилијардерот Ник Кенди од Велика Британија разгледува опции за да достави потенцијална понуда за купување на фудбалскиот клуб Чели, јавува „Би-Би-Си“.
Според изворот, Кенди, кој е навивач на Челси уште од дете, се обидува да формира конзорциум од повеќе странски инвеститори.
„Секоја понуда би била дадена во соработка со конзорциумот. Господинот Кенди има голем афинитет кон Челзи. Тој од својата четврта година ги гледа натпреварите на „Стенфорд бриџ“ – изјави неговиот портпарол.
Актуелниот сопственик на Челси, рускиот милијардер Роман Абрамович, го стави клубот на продажба минатата недела по руската инвазија на Украина.