Пендаровски: Имав мандат без ниту една стратешка грешка, не постои човек или партија која може да каже дека ме контролира

„Станува збор за граѓанска кандидатура и ги повикувам сите граѓани од 3 март, недела, да дадат поддршка за мојата кандидатура со давање потписи во подрачните единици на Државната изборна комисија“ рече претседателот Стево Пендаровски денеска на прес-конференција.

Тој додаде дека очекува во недела и СДСМ да ја формализира поддршката за неговата кандидатура, а од понеделник и останатите десетина партии од коалицијата на СДСМ.

„Главната причина за мојата кандидатура е што зад себе имам мандат без ниту една стратешка грешка, без ниту една корупциска афера и случај на непотизам, судир на интереси со мене, моето семејство, роднини, пријатели, најблиски соработници“ рече Пендаровски.

Претседателот додаде дека како национален координатор ги предводеше преговорите за членство во НАТО, а во неговиот прв мандат земјата стана членка на Алијансата.

Најави дека започнува граѓанска кандидатура за нов мандат и ги повика граѓаните да му дадат поддршка потпишувајќи се за него.

„Во недела ќе присуствувам на конгресот на СДСМ, само во тој дел, да се заблагодарам за поддршката, а од понеделник ќе имаме средби со сите десетина партии кои најавија поддршка за мојата кандидатура, да слушнам предлози за мојата изборна програма“ рече Пендаровски.

„Бев национален координатор и ги предводев преговорите за членство во НАТО. Во мојот прв мандат станавме членки. Очекувам во вториот мандат да станеме членка на ЕУ“ рече претседателот.

„Јас сум Македонец, но не постои ниту еден единствен случај изминативе пет години кога моето ентничко потекло било причина да фаворизирам или деградирам некој“ рече Пендаровски.

Претседателот додаде дека во неговиот мандат тој покажал дека е независен од било кои центри на моќ, вклучително и оние кои го поддржале на избори.

„Не постои човек или партија која може да каже дека ме контролира или ги диригира моите одлуки“ рече Пендаровски.