„Не постои пример за економска војна каква што се води против Русија, ова е ситуација без преседан“. Ова го изјави портпаролот на Кремљ – Дмитриј Песков.
Тој пред медиумите нагласи дека попусто е да се прогнозира растот на цените, како и оти потребно е преземање мерки за ублажување на негативните последици. Тој одби коментар на прашањето за можен натамошен раст на инфлацијата во Русија.
„Никогаш немало ваква економска војна како таа што е започната против нашата земја. Затоа е многу тешко да се предвиди било што. Сега не треба да прогнозираме туку да дејствуваме – да дејствуваме за да ги минимизираме негативните последици и натамошните ризици“, посочи тој.
Песков уште рече дека Русија работи на минимизирање на последиците од покачената инфлација.