(Видео) Голем пожар во Лондон – над 100 луѓе евакуирани, има и повредени

Единаесет лица се пренесени во болница откако избувна пожар во зграда во луксузната лондонска населба Саут Кенсингтон, во југозападен Лондон.

Лондонската противпожарна бригада на мрежата Х извести дека 11 лица биле третирани поради вдишување чад и дека околу 130 жители морале да бидат евакуирани од зградата каде што избувнал пожарот и од соседните згради.

На местото на настанот пристигнале 15 противпожарни возила и околу 100 пожарникари, јавува Би-Би-Си.

Околу 15 луѓе успеале да побегнат од зградата зафатена во пожар пред да пристигнат пожарникарските екипи, јавува Sky News.

Еден од пожарникарите изјавил дека пожарот се проширил од приземјето кон горниот кат и покривот.

Причината за пожарот засега не е позната.