Претставничкиот дом на БиХ со два закони за пристапување кон ЕУ
Претставничкиот дом на Парламентарното собрание на Босна и Херцеговина изгласа два закони, клучни за добивање кандидатски статус за членство во Европската унија – законите за спречување на судир на интереси и за висок судски и обвинителски совет.
„Претставничкиот дом ја известува Делегацијата на ЕУ во БиХ дека ги усвои Предлог законот за спречување судир на интереси во институциите во БиХ и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за висок судски и обвинителски совет откако претходно го усвои Предлог законот за јавни набавки, и дека ги проследи до Домот на народите со барање за итно постапување и бара од ЕУ институциите БиХ да добие кандидатски статус за членство во ЕУ“ – се вели во заклучокот.
Законите, за да стапат на сила, мора да добијат поддршка и во Домот на народите на Парламентарното собрание на БиХ.