Борел: Ако завојуваме со Русија, тоа би била трета светска војна!

„Неопходно е да и се помогне на Украина, но и да се избегне ескалација и влегување во војна со Русија, бидејќи во тој случај би започнала трета светска војна“. Ова денеска го изјави шефот на европската дипломатија – Жозеп Борел.

„Едно е јасно: потребно е да и се помогне на Украина колку е можно повеќе, но и да се избегне ескалација на војната. Треба да спречиме војната да се прошири во други земји и да војуваме со Русија. Тоа би била трета светска војна“ – истакна Борел.

Прашан за можноста за европско ембарго на рускиот гас и нафта тој оцени дека на Унијата ќе и биде многу потешко да направи таков избор.

„Ние увезуваме многу од тоа. Тоа не е премногу тешко за САД бидејќи тие речиси и не трошат руска нафта“ – нагласи Борел.