На првиот ден од месец март, на големата сцена на Народниот театар во Битола, со почеток во 20 ч. премиерно ќе биде изведена претставата „Хамлет-денот на убиствата“ според пиесата на Бернар Мари – Колтес, во режија на Марјан Неќак.
Станува збор за еден текст во кој четири ликови, играат иста драма, во еден ист ограничен простор, којшто го сметаат за бесконечен, залудени од големината на својата животна улога и носејќи го бремето на својот лик.
Истите се во дилема дали да продолжат да ја трпат таа судбина или да се спротивстават и да стават крај на се! Ова е втора премиера на Битолскиот театар, до крајот на годината директорот Јеричиќ најави уште три.