Шпанецот Серхио Рико во најбрзо време се очекува да се врати на фудбалските терени и тоа само десет месеци по страшната повреда, поради која беше во кома дури 19 дена.
Голманот на ПСЖ падна од коњот за време на одморот во Севиља, а лекарите едвај му го спасија животот и тоа по голема борба и 36 дена во интензивна нега.
Тој во болница помина вкупно десет недели.
Рехабилитацијата траеше долго, а Рико сега изрази желба да се врати на голот, за што доби лекарска дозвола и пристигна во тренинг комплексот на „светците“.
Тој се уште нема зелено светло од клупските лекари и специјалисти за играње натпревари, но француските медиуми велат дека тоа е само прашање на време и очекуваат шпанскиот голман целосно да се приклучи на тимот во следните неколку дена.