Харадинај: Ако само еден српски војник стапне на Косово, Белград ќе е бомбардиран!

Екс-косовскиот премиер – Рамуш Харадинај смета дека на Косово не му се заканува сериозна опасност од дестабилизација. Тој во интервју рече дека „Русија има влијание во одредени делови на Балканот, но не е воопшто присутна во Косово“.

Според Харадинај, Србија не би се осмелила да ја искористи моменталната криза предизвикана од руската интервенција во Украина за некакво дејствие во северно Косово.

„Доколку и нема можност да ја реши Русија, Западот е многу способен да најде решение за Србија, бидејќи, како што знаеме, тоа го стори и порано, во 1999 година“ – рече Харадинај.

Според него, Вучиќ и Србија немаат храброст да преземат нешто во косовскиот север, „поради меѓународните гаранции“ за безбедноста на Косово.

„Знам дека Американците нема да дозволат ниту еден српски војник да стапне на косовска територија. Знам дека ќе се бомбардира Белград доколку се случи такво нешто, исто како во 1999 година. Ова го знае многу добро српското раководство. Еден српски офицер ако премине на територијата на Косово, ќе се бомбардира Белград, не некоја друга територија“ – изјави Харадинај.