Украинскиот претседател Володомир Зеленски во видео обраќање ги повика европските граѓани да направат повеќе за да извршат притисок врз нивните влади да интервенираат во Украина.
„Европејци! Нема да можете да кажете дека не сте виделе што се случи со Украинците, што се случи со жителите на Мариупол. Видовте. Знаете“ – рече Зеленски.
Тој го повика Западот да ги зголеми санкциите кон Русија и да „изврши притисок“ врз Москва да ја принуди да преговара и да ја прекине војната.
„Ние не направивме и никогаш немаше да направиме нешто слично на ова воено злосторство во ниту еден од градовите во Доњецк, Луганск или кој било друг регион“ – рече украинскиот претседател.