„Руската делегација на мировните преговори со Украина нема да попушти на ниту една преговарачка точка“. Ова го изјави рускиот преговарач – Леонид Слуцки во ТВ интервју, пренесува руската новинска агенција РИА.
Досега се одржани три рунди разговори, а денеска шефот на украинската дипломатија Дмитро Кулеба во Турција треба да се сретне со неговиот руски колега Лавров. Тие ќе бидат разговори на највисоко ниво меѓу двете страни од почетокот на руската инвазија пред две недели.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја истакна својата подготвеност за компромис на преговорите.
„Во какви било преговори, мојата цел е да се стави крај на војната со Русија. И јас сум исто така подготвен да преземам одредени чекори“, изјави Зеленски.
„Може да се направат компромиси, но тие не смеат да бидат предавство на мојата земја“ – рече Зеленски.