Македонскиот премиер Димитар Ковачевски на тв 24 вечерва изјави дека во моментов во Европа се случува најголемата криза по секоја основа која во моментов се уште не може да се предвиди до каде ќе се продлабочува.
„Ако ја гледаме цената на нафтата во последните пет дена, таа дневно расте по 100 долари, што значи и денеска ќе имаме корекција на цената на нафтените деривати кои ги увезуваме. Очекувам тоа да биде по нагорна линија и тоа е резултат на војната што се води во Украина. Тоа предизвика дисбаланс на светските берзи, пред се на енергенсите и електричната енергија. Само ја зголеми и продлабочи кризата и влијаеше на цената на храната на светските берзи. Најголем дел се зголемени за над 50%, а на јагледот е петпати зголемена цената. Тоа предизвика негативни економски последици кај нас“ – рече Ковачевски.
Премиерот во врска со ставањето на Македонија на црната листа поради воведувањето на санкциите, потенцираше дека жали за ставот на Русија.
„Ние на стартот на овој воен конфликт, застанавме на страната на територијалниот интегритет на Украина. Ние сме членка на НАТО и нашите одлуки се синхронизирани со нивните и ние учествуваме во носењето на одлуките и како земја кандидат за членство во ЕУ ја имаме усогласено нашата надворешна политика со ЕУ. Кога зборуваме за санкциите, тие се однесуваа на она што ЕУ го воведе пред неколку години, а се однесува на воената интервенција во реоните на Луганск и Доњецк, и се однесува на компании и лица кои ја помагале таквата активност. Жалам што земји кои ја осудија руската агресија се ставени на листата на непријатели. Тие не треба да бидам наведени како непријатели“ – рече Ковачевски.
Во врска со спорот со Бугарија Ковачевски смета дека оваа криза потврди еден факт, а тоа е дека во вакви услови на криза, соседните земји треба да имаат меѓусебна соработка.
„Само низ таква соработка можат да си помагаат едни на други и полесно да ги пребродуваат кризите. Треба да градат мостови на пријателство и соработка. Ние отпочнавме нов процес на комуникација и соработка со Бугарија. Договоривме работни групи кои треба да ја вратат довербата меѓу двете општества. Комисијата за историски прашања беше договорено да го интензивира дијалогот и се она што ќе го договорат ќе биде заеднички соопштено. Министерствата за надворешни прашања за продолжуваат нивната работа. Во однос на придавката фашистички окупатор, не сакам да стигматизирам цел народ“ – рече Ковачевски.