Путин му честиташе роденден на Ердоган

Претседателите на Турција и Русија, Реџеп Таип Ердоган и Владимир Путин остварија телефонски разговори, а рускиот лидер на својот турски колега му се заблагодари за придонесот во развојот на билатералните односи, соопштија од кабинетот на турскиот лидер.

Ердоган денеска го слави својот 70-ти роденден.

„Претседателот Реџеп Тајип Ердоган имаше телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин. Во текот на разговорот, претседателот Путин му го честиташе роденденот на претседателот Ердоган. За време на разговорот, претседателот Путин му се заблагодари на претседателот Ердоган за неговиот придонес во развојот на односите меѓу Турција и Русија на пријателска основа“, се вели во соопштението на канцеларијата.

За потсетување, Хакан Фидан, министер за надворешни работи на Турција, на почетокот на февруари изјави дека рускиот претседател Владимир Путин наскоро доаѓа во посета на таа земја.

„Оваа посета ќе ни даде можност да разговараме за голем број прашања“, изјави тогаш Фидан за турската државна телевизија ТРТ Хабер.

Турските медиуми тогаш го споменаа 12 февруари како најверојатен датум за посетата, но тоа не беше потврдено од кабинетот на претседателот Ердоган.