Протести во Албанија со барање да се намали цената на горивата
Протест денеска пред Владата во Тирана, организан од граѓански активисти и транспортни претпријатија во знак на незадоволство од високите цени на горивата. Протестот траеше повеќе од два часа, беа блокирани улиците со гаснење на автомобили и со главно барање намалување на цената на горивата.
„Бараме укинување на даноците бидејќи плаќаме 260 лека (122,2 лека =1 евро) за литар нафта. Се додека не се прифати нашето барање секојдневно во 17 часот ќе протестираме пред Владата“ – беше пораката од мирниот протест.
Протести имаше и во други градови, со поголемо учество во Драч, каде со автомобили беа блокирани повеќе улици.