Премиерот на Канада – Џастин Трудо верува дека Украина може да победи во војната против Русија и дека ќе опстане како суверена земја, но како тоа да се случи со најмала можна загуба останува да се утврди.
Тој верува дека е „несомнено“ можно руската инвазија на соседната земја да биде запрена.
„Владимир Путин направи сериозно погрешни пресметки. Тој ја потцени неверојатната храброст на украинскиот народ“ – рече Трудо, додавајќи дека лидерот на Кремљ исто така „ја потценил решителноста и единството на демократските сојузници и партнери пред лицето на авторитаризмот“.
„Путин, сепак, би изгубил дури и ако неговите војници успеат да ја окупираат Украина поради „осакатувачките санкции што светот ги воведе врз руските лидери и врз руската економија. Русите ќе продолжат огромно да страдаат поради Владимир Путин. Тој не очекуваше дека ќе можеме толку силно да соработуваме заедно на таков недвосмислен начин. И мислам дека тоа е затоа што тој фундаментално погрешно ја разбира силата на демократијата“ потенцираше канадскиот премиер.