„Пандемијата на коронавирусот е далеку од завршена“ рече денеска генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус.
-Во петок ќе бидат точно две години откако кажавме дека ширењето на коронавирусот може да биде означено како пандемија“ – рече Гебрејесус на онлајн прес-конференцијата во Женева.
Додаде дека 2 години подоцна од вирусот умреле над 6 милиони лица.
Гебрејесус кажа и дека коронавирусот продолжува да се шири и дека се уште има пречки во дистрибуцијата на вакцини, тестови и третмани.
Според него, тестовите што можат да откријат нови варијанти на коронавирусот се извор на загриженост, бидејќи многу земји драстично ја намалиле употребата на овие тестови.
„Тоа не спречува да видиме каде е вирусот, како се шири и како се развива“ – рече Гебрејесус.