Претседателот на Украина – Володимир Зеленски го потпиша Законот за казнените мерки во земјата, според што во иднина за предавство е предвидена казна од 15 години па дури и до доживотен затвор.
Врховната Рада објави дека е изгласана измената на Законот за враќање на огненото оружје и муниција на цивилите за земјата да се заштити во време на војната, а се пропишува дека цивилите не се одговорни за употреба на огнено оружје против лица кои вршат вооружени агресија врз Украина.
Покрај тоа, граѓаните на Украина имаат можност да учествуваат во одбивањето и одвраќањето на вооружена агресија од страна на Руската Федерација и/или други земји, користејќи сопствено наградно или спортско оружје (пиштоли, револвери, пушки, пушки со мазна цевка), ловечки пушки….
Законот ги заострува казните, па за кражба, разбојништво, изнуда или проневера на имот во вонредна состојба се заканува затворска казна од 5 до 15 години во зависност од тежината на делото. Исто така, за разбојништво на боиште едно лице ќе се казни со затвор од 5 до 10 години затвор.
„Добиваме различни сигнали дека некои политичари повторно бараат врски со Русија. А некои други работат на раскол, спротивно на единството“ – рече Зеленски.
Тој додаде дека „веќе добиваме многу сигнали дека некои во Украина одлучиле дека повеќе не можат да се борат. Заедно со сите. И тие се обидуваат некако одделно, за нешто свое, за некаква своја корист“.
Зеленски, денеска меѓудругото на Твитер објави видео од оштетена детска болница.
„Мариупол. Директен удар на руските сили врз породилиште. Луѓе, деца се под урнатините. Ѕверство. Колку долго уште светот ќе биде соучесник игнорирајќи го овој терор? Затворете го небото веднаш! Запрете ги убивањата. Имате моќ, но се чини дека ја губите човечноста“ – објави Зеленски.