Два убоди со нож се случиле синоќа околу еден часот по полноќ на две локации во Белград, а еден од ранетите починал во Ургентниот центар.
Како што потврди Министерството за внатрешни работи на Србија, мажот кој бил избоден на аголот од улиците Добрачина и Дунавска, а кој бил пренесен на реанимација, им подлегнал на повредите.
Тој се здобил со две убодни рани.
Уште еден маж е избоден со нож на Теразија, во близина на хотелот „Москва“. Со тешки повреди е пренесен на реанимација во Ургентниот центар.
Двата убоди се случиле на една минута еден од друг.