Во Национална галерија „Мала Станица“-Скопје вечерва ќе биде отворена изложбата „Дома пред да се стемни“ (Home Before Dark) на украинската уметница Софија Чотирбок.
Софија Чотирбок е италијанско-украинска визуелна уметница. Таа живее во Милано, каде што дипломирала фотографија на Cfp Bauer во 2019-та година. Нејзиното истражување се фокусира на темата на идентитетот во постсоветското општество, миграцијата и архивата како интимна и домашна меморија, трансформирана во универзална човечка материја преку фотографија, видео и ткаенина.
Добитничка е на бројни стипендии во Италија и во Украина. Нејзините дела се изложени на големи меѓународни фестивали и музеи, вклучително Saarlandmuseum – Moderne Galerie (2023), Triennale Milano (2021), Paris Photo Off (2022), Odesa Photo Days (2021), Mana Contemporary (Чикаго, 2019). Во 202-та година беше финалист на Giovane Fotografia Italiana #10 и ја имаше нејзината прва самостојна изложба во земјава, во Битола.