Дојава за бомба во училиште во Котор, евакуирани учениците

На мејлот на Поморското училиште во Котор утринава стигна предупредување дека е поставена бомба, пренесува Вијести.

Евакуирани се учениците од тоа училиште, како и гимназијата која се наоѓа во рамките на истата зграда.

Полицијата е на лице место и врши увид.