(Видео) Најава за Трилинг: Ни следува ли црна предизборна кампања со омаловажување и етикетирање?
„Прашањето е дали може воопшто да зборуваме за постоење на организирано општество, или просто е некаква збирштина од парцијални групи со свои интереси. Ќе има нова власт со старо политиканство. Граѓаните се свесни дека запирањето на нашата евроинтеграција ќе биде со последици конкретни. Просто, ние се празниме демографски“ вели во вечерашното издание на Трилинг – Ило Трајковски, универзитетски професор.
„Тој етнички паралелизам во изборните кампањи, политичките партии во предизборието комуницираат единствено со својот етнички корпус. Ќе следи омаловажување, црна кампања, етикетирање, а сето тоа е многу проблематично за вакви општества“ вели во вечерашното издание на Трилинг – универзитетски професор Јасна Бачовска Недиќ.
„Не очекувам дека ВМРО-ДПМНЕ ќе добие 61. Предизборно ВМРО-ДПМНЕ би можело да има коалициски капацитет, постизборно барем еден дел од политичките партии кои се дел од Европскиот сојуз за промени се изјаснија дека нема да прават коалиција со партија која нема да прифати да ги направи уставните измени“ вели во вечерашното издание на Трилинг – Сефер Селими, аналитичар.
„Го чувствувам разочарувањето во земјава околу долгиот пат до пристапување во ЕУ“ – вели во вечерашното издание на Трилинг – Ален Лероа, францускиот дипломат и политичар.