Ако се исклучи дека Али Ахмети нема да се кандидира за претседател, решението на ДУИ може да биде Бујар Османи кој е пристоен кандидат и кој не е оптоварен со корупциски афери, а е прифатлив и за македонското гласачко тело. Проблемот со личните документи не е вина на Османи туку општо на Владата, па гневот на граѓаните е насочен натаму, а генералн има проопозициско расположение, вели политичкиот аналистичар Петар Арсовски во емисијата „24 анализа“ на ТВ 24.
– За мене не е прашањето дали претседателот ќе биде Албанец туку дали ќе биде добар. Според мене и Таравари и Османи би биле подобри како претседатели отколку Силјановска. Според анкетите, ако сите албански партии имаат еден кандидат може да добиеме претседател Албанец, вели Арсовски.
Според Арсовски, најголемо изненадување би била заедничка миста на СДСМ и ДУИ, но тоа е малку веројатно да се случи на овие избори, иако за гласачите е подобро однапред да знаат за која платформа гласаат, а не за кои партии.
– Очигледно е дека надвладеа политичкиот опортунизам, па ДУИ сака да ги држи отворени сите опции за постизборно коалицирање, вели Арсовски.