Трилинг дозава: СДСМ ќе го поддржи Стево Пендаровски за нов мандат на Вила Водно

Раководството на СДСМ попладнево донело одлука да поддржи втор претседателски мандат на Стево Пендаровски, дознава „Трилинг“ од високи партиски извори.

Партиски извори информираат дека попладнево на состанок на раководството на СДСМ е одлучено Стево Пендаровски да биде поддржан за кандидат за претседател на државата. Оваа одлука деновиве ќе се најде пред членовите на Извршниот и Централниот одбор на партијата.

Наредните денови се веќе планирани средби со коалициските партнери, а на 3 – ти март ќе биде и официјалната промотивна конвенција.